Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

СКОПЈЕ: Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)

Ерина Богоева  




Оригинален наслов на книгата : SKOPJE: Architecture as a photographic sculpture (1963-1990)
ИСБН : 978-608-259-105-6
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 88
Димензии : 210х210
Корица : тврда



Краток опис

Ерина Богоева е родена 1988 година во Скопје. Своите студии ги има завршено на катедрата по англиски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. 

Своето образование го продолжува на Универзитетот на Нотингам во Обединетото Кралство, каде што магистрира на студиската програма за филм, телевизија и екранска индустрија. Напоредно со студирањето самостојно се изградува како фотограф при што активно учествува во многубројни групни изложби, помали самостојни проекти и учествува во жирирање на конкурси. 

Има остварено четири самостојни изложби: „Животот на улиците на Европа“ како дел од програмата на Денот на Европа и во рамките на серијата „Културни приказни“ на ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје; „Небото над Скопје“, во состав на манифестацијата „Бела ноќ“, во Скопје; „Четири годишни времиња и малку љубов“ ѝ е нејзина прва продажна изложба во кафулето „Вандерлуст“ во Скопје, додека изложбата „Затемнетиот град“ во Музејот на современата уметност во Скопје е поддржана од програмата „Новиот културен бран“ на Министерството за култура на РМ.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците