Низ малото гратче Макондо минува
вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава,
при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре
и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога
компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на
оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.
Во оваа уништена и бездушна
пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е
цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа
неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на
себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но
достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук,
неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на
Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што
починал, незгрижен и заборавен.