Приказната на оваа историска
романса е сместена во округот Клејтон и во Атланта, Џорџија, за време на
Американската граѓанска војна и подоцнежниот период на Реконструкција, а е
раскажан од гледна точка на робовладетели на плантажа на американскиот Југ.
Иако за Американската граѓанска
војна и за нејзините последици се напишани многу романи, ниту еден од нив не го
воведува читателот во историјата на Југот и во трагедијата на војната на начин
како што тоа го прави Одвеано од виорот.
Преку судбините на двата главни лика, своеглавата и неодолива Скарлет О’Хара и шарамантниот и
презрен Рет Батлер, Мичел напиша безвременска приказна за опстанокот во
најтешките услови и ги создаде едни од најпознатите љубовници на сите времиња.
Истоимената филмска верзија со
Вивиен Ли и Кларк Гејбл во главните улоги, која исто така ќе доживее огромен
успех и ќе стане еден од најпопуларните филмови на сите времиња, е снимена само
три години подоцна и во 1940 година добива дури осум ,,Оскари’’.