За жал, или за среќа, ќе
рече авторот, Ново маало сè уште постои и е речиси исто и непроменето како и
пред седумдесет години – времето кога расказите содржани во оваа книга биле
реалност.
Ново маало своевремено било
центар на светот за новомаалците, микрокосмос од кој почнува и завршува сè.
Таму се зборувал локален, маалски јазик и имал свое наречје, различно од тоа на
соседните маала, поради што неретко луѓето не се разбирале меѓусебно. Маалската
гордост ја чувале маалските банди, секогаш закрвени со тие отспротива. И покрај
скудниот начин на живот, маалските улици ечеле од детскиот џагор и нивните
необични игри.
Во оваа збирка ќе ги прочитате
носталгичните и емотивни реминисценции за едно одамна минато време и за едно
невино детство изгубено во маалскиот амбиент.