Оваа колекција на орнаменти доаќа
од најгордото архитектонско наследство на Франција- извонреден асортиман на
раскошни декорации што се протегаат од подот до таванот и се наоѓаат на
големите фасади на кралските резиденции. Нивното потекло се движи од 16 до 18
век, а датираат од владеењето на првиот ренесансен крал на Франција, Франсоа
Први, до богатата ера на Луј Четиринаесетти, легендарниот крал на сонцето.
Илустрирана со 61 цртеж во боја и
100 црно-бели цртежи, оваа збирка ги содржи најважните делови од две ретки
публикации од 19 век, од коишто на едната уредник е угледниот архитектонски
историчар на Лувр. Визуелната прошетка низ просториите со престол, приватните
соби, капели, библиотеки и сли за балови опфаќа описи на сцени од историјата и
митологијата, како и богат асортиман на ботанички и други декоративни елементи
на врати, ѕидови, камини, комоди, конзоли и фризови. СЕкоја илустрација е
проследена со краток опис.