Бетселерот на ,,Њујорк Тајмс”- ,,Кралицата Елизабета”- животот на еден модерен
монарх е одличен избор за сите читатели кои сакаат да се запознаат со животот
на кралицата Елизабета II одблизу, како и со најмоќната монархија во светот денес.
Од моментот кога седнала на тронот во 1952 година на дваесет
и петгодишна возраст, кралицата Елизабета ii постојано ја следи будното око на јавноста. Но, гледајќи низ
облакот на гламурот и озборувањата за неа, се прашуваме дали навистина ја
гледаме Кралицата во нејзината вистинска светлина?
Сали Бедел Смит, популарната и светски признаена авторка на
биографии, ни открива мноштво детали од приватниот и од јавниот живот на
Елизабета II, кралицата
која ја води својата земја и земјите на Комонвелтот низ војни и тешки времиња
во последните 60 години со неспоредлива смиреност,интелегенција и грациозност.