Во светот на осумгодишниот Јоаким постојат огромен број
грижи- особено ноќе! Кога оди во в кревет, Јоаким го заклучува плакарот за да
ги задржи во него ужасните, црни ноќни птици- кои, всушност, се само плод на
неговата имагинација.
Татко му е без разбота и закрепнува од нервен слом, а мошне
често Јоаким ја чувствува тензијата и тагата што се испречила помеѓу неговите
родители. Но, постојат и прекрасни моменти кога сѐ е совршено: долги прошетки на дождот со
родителите, специјалните вечери што ги приготвува татко му и секако- Мај,
девојчето од другата страна на улицата.
Но, ноќите ќе бидат исполнети со ужас се додека Јоаким не
најде начин да ги победи ноќните птици.