Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Моќта на педагогијата

Џени Лич,   Боб Мун  




Оригинален наслов на книгата : The Power of Pedagogy
ИСБН : 978-608-247-641-4
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 212
Димензии : А4
Корица : мека



Краток опис

Понекогаш ќе наидеш на многу важна книга што го поместува и го појаснува твоето сфаќање. Ова е токму таква книга. Тука ќе најдеш фасцинантна анализа на темите и идеите што денес ги опфаќаат поучувањето и учењето. Овие два искусни мислители и практичари нудат нова перспектива за педагошката мисија преку историјата, теоријата и вињетите земени од училницата, денес. Врвно дело на научност – мораат да го искусат и тие што се подготвуваат да поучуваат, но и тие што веќе поучуваат.

СЕР ТИМ БРИГАУС, поранешен повереник за училиштата во Лондон, визитинг- професор на Институтот за образование при Универзитетот на Лондон

Оваа важна книга успеа да ги сврзе поучниот дух на светските текови и реалниот увид во практиката на поучување и учење. Нејзиниот лесно читлив наратив на возбудлива истрага ги интегрира практиката и теоријата со таков висок квалитет на анализа, што истовремено е редок и целосно убедлив.

СЕР ДЕЈВИД ВИНКЛИ, поранешен директор на Училиштето „Гров“ во Хендсворт и владин советник за образование

„Педагогијата“ е неизоставно важна во дебатата за поучувањето и учењето. Во оваа книга авторите ги анализираат и ги истражуваат современите поими за педагогијата низ делата на клучните личности како Фреире, Монтесори и Виготски и објаснувааткако новиот поим за педагогијата може да ги преобрази институциите, посебно училиштата. Понатаму авторите:

- го истражуваат историскиот и културолошкиот контекст на нашето сфаќање за педагогијата;

- анализираат како начинот на разбирање на човечкиот ум влијае врз поучувањето и учењето;

- го испитуваат уделот на новите форми на комуникација на постапките и целите на педагошката активност.

Со огромно значење за студентите на магистерските и докторските студии од педагогијата, оваа книга ќе ги заинтригира и практичарите кои истражуваат во истата област.

Боб Мун е почесен професор по педагогија на „Отворениот универзитет“, Кембриџ, Обединето Кралство, и директор на Програмата за образование на наставниците на супсахарска Африка (ТЕССА).

Џени Лич беше професор по учење и развивање на наставниците на „Отворениот универзитет“, Кембриџ.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците