Ова издание на Физика, збирка прашања и задачи со тестови
претставува дополнување и проширување на Националната програма по физика за прва
година во средното образование. Има
цел на учениците да им помогне полесно да ги совладаат основните концепти од
физиката, но и да ги прошири нивните знаења и да им го олесни преодот во
постојната програма по физика за средно образование. Освен во редовната настава
по физика, оваа збирка може да послужи и за подготовка на матурски испит по
физика, квалификациски испити за упис на факултет, натпревари по физика и др.,
како и да им даде помош на наставниците околу подготвувањето на часовите за
повторување на знаењето и за оценување.
Секоја од темите опфатени
во оваа збирка почнува со кратко теоретско резиме, по што следува делот што
опфаќа прашања и задачи со различни нивоа на сложеност, со што можат да се
утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање,
примена, анализа, синтеза и евалуација). Во овој дел се дадени и повеќе решени примери што се состојат од детални
одговори и решенија, вклучително и комплетни методолошки упатства и совети што
му помагаат на ученикот да ги сфати сложените концепти во физиката.
За секоја тематска целина се дадени тестови во кои се опфатени прашања и
задачи со различни нивоа на сложеност (заокружување, дополнување, одговори на
прашања и решавање на пресметковни задачи). На крајот од збирката се дадени
примери и за полугодишни и годишни тестови.
Прашањата, задачите и тестовите се
составени од истакнати домашни автори со долгогодишно работно искуство во
наставата, а со тоа ова издание на збирката станува незаменливо помагало во наставата по хемија во
средното образование.