Далеку од брегот на Калифорнија се издигнува една груба карпа позната
како островот Сан Николас. Сините делфини плискаат во водата околу него,
морските видри си играат во појасите од алги и морските птици си лежат на
карпите. Некогаш, на островот живееле и Индијанците – сè додека еден ден не
решиле да заминат и да испловат кон исток.
Зад нив останала една млада девојка.
Таа девојка е Карана. Од година во година, го чека бродот да се врати.
Но никогаш не се враќа. Најпосле, сфаќа дека мора да донесе судбоносна
одлука: да тргне по нив сама, или да остане сама на островот до крајот на
животот.
Островот на сините делфини е добитник на медалот „Њубери“ во 1961 година.
Скот О’Дел e добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1972 година.