Вистинската лекција по историја има една порака: не
постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја
предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина
за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса.
Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории,
хроники, семејни традиции, религии, науки - „Баудолино“ ги допира речиси сите
средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за
Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за
моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна
рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот
свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики,
тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е
историја, а што мит…