Бриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но
овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“
Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е
кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди
дете.
По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена –
но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува
со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и
вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени
компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што
станува белег целата бременост е – кој е таткото?
Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до
солзи со сето она што и се
случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата
завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.
„Суштината на ликот на Бриџит Џонс е во јазот помеѓу она што би требало
да бидеме и она што навистина сме. Сега, во текот на бременоста полна со
изненадувања, Бриџит ја открива разликата помеѓу тоа каков живот очекуваме и
каков е животот во реалноста кога стануваме свесни дека ќе имаме бебе“, Хелен
Филдинг.