Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно, или животот има друг
план?
Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со
неа
откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш.
Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може
да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ!
А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои меѓу нив
е она вистинското.
Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза.
Иако тие се бакнаа – со најжешкиот бакнеж во неговиот живот – тој знае дека
мора да им даде приоритет на други нешта. И нема време за врска. Но, постојано
мисли само на бакнувањето со девојката која може да му уништи сè.
Сепак, Џејс и Тереза веќе не можат да ги негираат чувствата што ги
имаат еден за друг. Но опасноста демне и се случува трагедија. Додека кампусот
закрепнува од страшната случка, судбоносно вљубениот пар мора да одлучи што се
подготвени да ризикуваат за да бидат заедно и дали се подготвени да го изгубат
тоа доколку врската не успее...