Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Ана Каренина, том 1

Лав Николајевич Толстој  




Оригинален наслов на книгата : Анна Каренина
ИСБН : 978-608-247-185-3
Година на издавање : 2015
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 588
Димензии : 135x200
Корица : мека



Краток опис

Во една неодамнешна анкета спроведена меѓу 125-те најголеми автори на денешницата, „Ана Каренина“ е изгласана за најдобрата книга на сите времиња. Највисокото достигнување на реалистичката проза, таа е „врвниот роман“ во очите на Вилијам Фокнер, „безгрешно уметничко дело“ за Достоевски и, дури и повеќе, „фрагмент од самиот живот“ според Метју Арнолд.

Исклучително вешто и со неговата препознатлива способност да остави впечаток на рутинираност, низ повеќе од илјада страници, Толстој вмрежува широк спектар ликови преку кои се обидува да го истражи односот меѓу љубовта и конвенциите, меѓу лицемерството и верноста, меѓу страста и приврзаноста. Паралелно прикажувајќи три сосема различни брака (оној на Ана и грофот Каренин, бракот на Левин и Кити и бракот на Стива и Доли) и вонбрачната врска на Ана Каренина и Вронски, Толстој во романот ги испреплетува и прашањата за христијанството, политиката, класното уредување во Русија, војната, индивидуалното и колективното живеење и, конечно, прашањето на самиот живот и смртта.

Ретроспективно сецирана, безгрешната магија на Толстоевиот стил – како што ја опишува Владимир Набоков – во „Ана Каренина“ ги трансцендира ограничувањата на книжевниот XIX век: внатрешниот монолог на насловната хероина со кој кулминира романот ги отвора вратите за една сосема нова литература, што ќе ја растури пепелта на стабилниот омнипрезентен наратор во мистичните и опскурни одаи на индивидуалната свест.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците