Дебитантското остварување на Умберто Еко, „Името на розата“, е
историско- детективски роман сместен во средновековен италијански манастир,
исклучително популарна и умешна комбинација на семиотика и медиевалистика,
книжевна теорија и врвен раскажувачки талент.
Приказната почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден
бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем
од Баскервил
во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен
од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо,
чие мртво тело е само првото од
неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и
дека набрзо ќе дојде антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат
да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен надзор па до
посета на Инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот
причинител за смртта на калуѓерите.
Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и
преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото
книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од
стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник
„Ле Монд“.