Омилениот бестселер на „Њујорк тајмс“ што „Ентертејнмент викли“ го
опиша како „блескав роман што ќе ви влезе под кожа“. Долго ќе ја паметите
оваа трогателна и непоколеблива приказна за љубовта, животот и двајцата
тинејџери што ќе се најдат
на еден раб.
Теодор Финч е опседнат со смртта. Секој ден смислува нови начини на
кои би можел да се убие, но исто така секој ден истражува и успева да најде
нешто
што ќе го задржи овде, буден и жив.
Вајолет Марки живее за иднината, броејќи ги деновите до матура,
кога конечно ќе може да побегне подалеку од малечкото гратче во Индијана и
болката што ја измачува по смртта на сестра ѝ.
Кога Финч и Вајолет ќе се сретнат на врвот на училишната
камбанарија – шест ката од земјата, нејасно е кој кого спасува. Финч само со
Вајолет може да биде таков каков што навистина е, а Вајолет само со Финч заборава на броењето
денови и почнува да ги живее. Но, како што
светот на Вајолет расте и се шири,
светот на
Финч почнува да се смалува и да станува потесен...