ШТО ДА ПРАВИШ кога другарка ти организира забава за својот шеесетти
роденден на истиот ден кога твојот дечко полни триесет години?
ДАЛИ Е ПОГРЕШНО да лажеш за годините кога се забавуваш со некого на
интернет?
ДАЛИ Е КОРЕКТНО да одиш на фенирање кога едно од децата има вошки?
ДАЛИ ДАЛАЈ ЛАМА твитува сам или неговите помошници го прават тоа во
негово име?
ДАЛИ ТЕХНОЛОГИЈАТА е петтиот елемент денес? Или дрвото?
ДАЛИ ДА ЛЕГНЕШ СО НЕКОГО по два состанока и шест недели разменување
СМС-пораки е исто како да стапиш во брак по два состанока и шест месеци
пишување писма во времето на Џејн Остин?
Размислувајќи за овие и за други современи дилеми, Бриџит Џонс се
соочува со предизвиците на самохрана мајка, твитување, СМС-пораки и повторно
откривање на својата сексуалност во она што НЕКОИ луѓе грубо и старомодно го
нарекуваат „средна доба“.
Долгоочекуваното враќање на обожаваниот лик, Бриџит Џонс: Луда по него
е актуелен, нежен, трогателен, смешен, мудар и бескрајно духовит роман.