Оваа
книга претставува збирка на задачи и тестови по математика според програмата на
Меѓународниот центар за испити на Кембриџ, која е адаптирана и одобрена од
страна на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија.
Содржините
во збирката се распределени во согласност со редоследот на наставните цели во
програмата и упатството дадени од страна на Бирото за развој на образованието и
во целост ја поткрепуваат програмата, давајќи им на децата можност да
применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени,
иновативни и посветени ученици.
Збирката
претставува важна компонента во дидактичкиот комплет по математика, во кој се
содржани учебникот, работната тетратка, прирачникот за наставници и други
ресурсни материјали, а во насока на продлабочување и проширување на знаењата и
вештините по математика за ова одделение.