Делириум (трилогија „Делириум“ I дел)Што ако љубовта беше болест?
Велат дека
лекот против љубовта ќе ме направи среќна и сигурна засекогаш. И им верував, сè
досега. Сега сè се промени.
Влезете во светот каде што љубовта е забранета и
прогласена за опасна болест – делириум, а владата на САД ги присилува сите што
ќе наполнат 18 години да бидат подложени на интервенцијата. Лена Халовеј живее
во ваквото сигурно и диригирано општество, со нетрпение очекувајќи го денот
кога ќе биде излекувана и безбедна од делириумот што го уништи животот на
нејзината мајка.
Но, 95 дена пред нејзиниот 18-ти роденден Лена го
запознава Алекс, самоуверено и мистериозно момче кое доаѓа од Дивината и го
претставува сето она од кое Лена досега стравувала... а од друга страна,
секогаш кога ќе го сретне, нејзиното срце затреперува. Што ќе се случи ако таа
се вљуби во него?
Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“
(првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата
„1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија.
„Делириум“ е најпродавана книга според „Њујорк тајмс“ и еден од стоте најдобри
тинејџерски романи на сите времиња според Народната библиотека во Чикаго.
„Интелигентен,
трогателен и неверојатно заразен“. - Heat