Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Глобализација на храната: Аграрните прашања и глобалната реорганизација

Дејвид Гудмен,   Мајкл Џ. Вотс  




Оригинален наслов на книгата : Globalising Food: Agrarian Questions and Global Restructuring
ИСБН : 978-608-229-066-9
Година на издавање : 2011
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1392 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 400
Димензии : 152x235
Корица : мека



Краток опис

За да се проучи глобализацијата на агропроизводствените системи во „Глобализација на храната“ се користи серија од широкораспространети студии на случаи од Англија, САД, Индија, Јужна Африка, Нов Зеланд и од Латинска Америка. Се откриваат новите сили што го менуваат земјоделството, како тоа менување се вклучува во светската економија, кои се последиците, а кои ограничувањата од овие процеси. Анализирани се реакциите на локалните институции како одговор на овие глобални промени, новите размислувања што се појавуваат за квалитетот на производите и за самата одржливост на животната средина. Покрај споредбите меѓу напредните и земјите од третиот свет, се прави паралела и со глобалните синџири на исхрана, стратегиите на „главните“ играчи во индустријата, мултинациoналните корпорации, како и компаниите за брза храна и малопродажба.
Дејвид Гудман
е професор и декан на Факултетот за одржливост на животната средина при Универзитетот „Санта Круз“, Калифорнија. Мајкл Џ. Вотс е професор и директор на Институтот за меѓународни студии при Универзитетот „Беркли“, Калифорнија.
Двајцата уредници со комбинирање на новите перспективи направиле едно фасцинантно истражување за глобализацијата и за реорганизацијата на локалните земјоделски системи, со што даваат еден вистински иновативен придонес за разбирање на политичката економија во делот земјоделство и  храна.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците