Џејмс Хант и Ники Лауда дефинираa една доба во Формула 1 во ’70-тите години на минатиот век.
Нивната битка на Светското првенство во 1976 се смета за една од
највозбудливите и најдраматичните во
историјата на спортот. Ова е приказна за таа сезона, но и многу повеќе.
Легендарното враќање на Лауда по речиси смртните повреди и титулата на Хант носат
една сосем нова генерација на следбеници кои претходно биле имуни на спортот.
„Плејбојот и Стаорецот“ повторно ја оживува таа приказна.
По неверојатната сезона, нивните кариери и животи отишле во
сосем спротивни насоки - Лауда
станал почитуван советник за спорт, а Хант умрел на прилично млада возраст, водејќи живот типичен за еден тркач.
„Плејбојот
и Стаорецот“ ја раскажува нивната приказна од
амбициозните почетоци до кулминацијата на нивните соништа, па и многу повеќе.
РОЈ КАЛИ работи за Би-би-си Спорт и е дел од Формула 1 во еден
или друг облик од средината на ’70-те. Џејмс Хант му станал спортски херој
откако го видел како се трка во 1976. Кали е исто така и голем навивач на
фудбалскиот клуб Блекпул и пишува за клубот. Тој оди на натпревари онолку колку
што му дозволува неговиот зафатен распоред во Формула 1.