Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Слобода

Џонатан Френцен  




Оригинален наслов на книгата : Freedom
ИСБН : 978-608-229-661-6
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 688
Димензии : 145x205
Корица : тврда



Краток опис

Слобода: ремек-дело на американската фикција


Слобода е епска, семејна сага во која комично и трагично се доловени искушенијата на слободата: возбудлив тинејџерски копнеж, тешки средовечни компромиси, товар на едно конзервативно семејство и на една империја. 


Кога Пети и Волтер Берглунд, конзервативни соседи, се доселуваат во Сент Пол, навидум совршениот живот започнува да се расплеткува во неочекувани насоки: семејни тајни, скришни љубови, лаги, компромиси и неуспеси. Маестрална нарација, добро темпирана и моќна, комична и потресна. 


Пети е оној вид идеална сосетка што секогаш е тука да ви помогне. Таа е совршена мајка и жената од соништата на Волтер. Таа и Волтер, адвокат за екологија, велосипедист и посветен семеен човек, придонесуваат во создавањето подобар свет преку грижа за околината и за луѓето околу себе. 


Но сега, во новиот милениум, Берглундови се менуваат. Нивниот син тинејџер се преселува кај  соседите кои се агресивни републиканци. Волтер почнува да работи за сомнителна компанија. Кој е навистина Ричард Кац – необичен рокер и најдобар другар на Волтер од колеџ – и што бара во големата слика на семејството Берглундови? Што се случува со Пети која од пример за мајка во соседството се менува во нешто сосема друго?


Френцен во Слобода создава еп за современата љубов и брак. Приказната нè вовлекува во прашањето како ја употребуваме (и злоупотребуваме) слободата, како се натпреваруваме со најблиските и ги изневеруваме нивните очекувања и зошто работите речиси никогаш не се такви какви што сакаме да бидат... Преку трасирањето на грешките и убавините на Волтер и Пети Берглунд, додека се борат да научат како да живеат во тој збунувачки свет, Френцен создал длабок и неизбришлив портрет на нашето време.


Романот е национален бестселер во САД, добитник на John Gardner Fiction Award и финалист на National Book Critics Circle Award и Los Angeles Times Book Prize.


ЏОНАТАН ФРЕНЦЕН е американски автор, новелист и есеист, еден од најголемите американски писатели на 21 век според The New Yorker. Неговиот бестселер The Corrections веднаш ја придоби светската критика, освои голем број светски награди, а беше наречен и „книжевен феномен“, со продадени повеќе од три милиони копии во светот. Неговиот следен - и долгоочекуван - роман Слобода е сеопфатна современа социореалистична новела што ни прикажува кои сме навистина и тоа на начин како што не би сакале да знаеме.


Френцен е добитник на Whiting Writers' Award, American Academy's Berlin Prize, National Book Award, James Tait Black Memorial Prize, John Gardner Fiction Award и финалист на International IMPAC Dublin Literary Award, National Book Critics Circle Award for Fiction, PEN/Faulkner Award, Los Angeles Times Book Prize и Pulitzer Prize за фикција. 




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците