Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Концепти во хемијата на виното

Јер Маргалит  




Оригинален наслов на книгата : Concepts in Wine Chemistry
ИСБН : 978-608-229-264-9
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1242 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 488
Димензии : 170x255
Корица : тврда



Краток опис

За првпат објавена во 1997 година, оваа книга беше првиот текст и референца при објаснувањето на основната наука за хемијата на виното. Во последните неколку децении не е забележан подобар текст. Во ова ново целосно ревидирано и ажурирано издание се дадени најновите достигнувања во областа, а хемијата на виното како наука е издигната на уште повисоко ниво.
Д-р Јер Маргалит
е физички хемичар со долгогодишно истражувачко и наставно искуство. Тој поседува еден мал семеен лозов насад и винарница каде што го практикува сето она што го предава на Институтот „Техникон“ во Израел. Исто така, тој е консултант на многу винарници ширум светот.
Поглавјата се логично организирани, почнувајќи од составот на мувлата и сокот па сè до описите на секој чекор од производството на вино: ферментација, феноли, оксидација, дабови буриња за чување, сулфурниот диоксид, разните процеси што се случуваат во самите визби и некои недостатоци кај вината. Исто така, како што е редот, има поглавје за историјата на хемијата на виното, како и детален индекс со основните поими во поглавјата.
Ако сте решиле да направите добро вино или, пак, сакате да знаете многу повеќе за тоа како се произведува пијалакот во чиј вкус уживате, претходно мора да ја прочитате оваа книга.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците