Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Ветеринарна микробиологија

Двајт С. Хирш,   Џејмс Н. Меклаклен,   Ричард Л. Вокер  




Оригинален наслов на книгата : Veterinary Microbiology
ИСБН : 978-608-229-233-5
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1502 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 544
Димензии : 207x280
Корица : тврда



Краток опис

Д-р Двајт С.Хирш, професор во пензија и д-р Џејмс Меклаклен, редовен професор, се од Одделот за патологија, микробилогија и за имунологија при Универзитетот „Дејвис“ од Калифорнија. Д-р Ричард Л.Вокер е професор по клиничка дијагностичка микробиологија во лабораторијата за здравје на животни и за безбедност на храна при Универзитетот „Дејвис“ од Калифорнија.
Уредниците на ова издание го насочиле својот фокус кон патолошките механизми и процеси кај заразните болести, методите на дијагностицирање, принципите на отпорност, превенција и терапија. Содржината е поделена во четири дела. Во првиот се разгледуваат општите карактеристики на односот домаќин - паразит, лабораториската дијагноза на состојбите со инфективна етиологија, антимикробниот третман и превенцијата од инфективни болести. Во вториот дел се зборува за бактериите и за габите од морфолошки аспект, а во третиот за вирусите чие групирање се врши врз таксономска основа. Во четвртиот, последен дел, разгледани се инфективните агенси во контекст на нивните домаќини, кои се класифицирани по органски системи. Секој од овие системи најпрво е опишан како место во кое престојуваат микроорганизмите, а потоа се отвора дискусија за оние инфективни агенси што се главни патогени за афектирање на соодветниот систем.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците