Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Како се програмира во Јава

Пол Дејтел,   Харви Дејтел  




Оригинален наслов на книгата : Java - How to Program
ИСБН : 978-608-4535-61-4
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 5886 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 1480
Димензии : 202x214
Корица : мека



Краток опис

Пол Џ. Дејтел и д-р Харви М. Дејтел, син и татко, се основачите на „Дејтел и соработниците“, интернационално призната организација специјализирана за увежбување, авторизирање и за развој на интернет-бизниси во Java, C, C++, C#, Visual Basic, Visual C++, Python, XML, интернет-веб и објектни технологии. Имаат водено стотици професионални семинари за големи компании, академски институции, владини организации, како и за американската војска. Многу подетални информации за нивните светски признати текстови може да пронајдете на нивната веб-страница www.deitel.com.
Ова издание содржи вовед во објектно ориентираното програмирање со примери на код, стандардното издание Јава 6, JDBC 4, развој на веб-апликации и на веб-сервиси. Јава претставува еден од најпопуларните програмски јазици на денешницата. Поради тоа, детално е разработен, овозможувајќи сеопфатно знаење за него и проучување примери од класите (GradeBook, Time, Employee), опционално на системите OOD/UML ATM, опционално на графика ГКИ, веб-апликации на повеќе нивоа со пристап до база (адресар) и веб-сервиси (блек џек, систем за резервација на авиобилети, генератор на равенки). Со ова четиво сте подготвени да создадете солидна основа за програмирање во Јава. На сите нови програмери им нуди мудрост собирана низ многу години искуство, добиено при развивањето на софтверот. Сите дадени примери се лесни за следење и ве водат по патот по кој минале искусни програмери. За да ја доловиме во една реченица единственоста на оваа книга ќе се послужиме со цитат од Ленс Андерсон (Sun Microsystems): „Би сакал оваа книга да беше достапна кога јас учев како да програмирам!“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците