Е-адреса: Лозинка:
















Општи услови

Добредојдовте на Literatura.mk. Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби. Ве молиме прочитајте ги внимателно.

Literatura.mk е е-продавница за книги, каде ексклузивно се застапени изданијата на Арс ЛАМИНА (стручна литература) и нејзиниот импринт Арс ЛИБРИС (белетристика). Покрај можноста за купување, преку Literatura.mk имате можност и да се информирате, да коментирате и да комуницирате за сите изданија.

Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето. Начините и условите за плаќање и испорака, како и за рекламација на производите, се опишани во Политика за испорака и Политика за враќање.

Со регистрацијата на Literatura.mk добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Регистрираните членови на Literatura.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои ќе бидат застапени содржини поврзани со нашите понудите. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, ве молиме да нè известите.

Вашите лични податоци кои доброволно ни ги оставате со вашата регистрација на Literatura.mk се безбедни и заштитени. Третманот на податоците е опишан во Политиката за заштита на лични податоци.

Посетителите на Literatura.mk можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации сè додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети.

Препораки и правила за коментарите:
• Коментарите треба да бидат во согласност со содржината на веб страницата.
• Коментарите треба да го изразуваат личното мислење на корисникот во однос на одредена книга, напишани на културен и разбирлив начин.
• Не се дозволува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник, туку само изразување на сопственото.
• Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, партиска или на религиозна припадност.
Literatura.mk го задржува правото за необјавување на коментарите што не се во согласност со горенаведените препораки и правила.

Со посетата на Literatura.mk се согласувате со овие Општи одредби, политиките спомнати во овие одредби, како и со сите релевантни закони на Република Македонија.