Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Прирачник за површинска метрологија

Дејвид Џ. Вајтхаус  




Оригинален наслов на книгата : Handbook of surface metrology
ИСБН : 978-608-4535-33-1
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1060 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 854
Димензии : 210x295
Корица : тврда



Краток опис

Во оваа нова ера на технолошки прогрес, структурите и машините ретко се „расипуваат“, но може да се изабат, да кородираат или да се случи нешто што ќе ја попречи нивната функција. Овие напрегања на површината од материјалите секогаш се тесно поврзани со структурата и со својствата на површинскиот слој, но што, всушност, ние знаеме за вистинската природа на површините. Експерименталните методи, инструментите што притоа се употребуваат и спектарот на аналитички методи, кои ни се познати денес, се основата на оваа добредојдена книга.
Во овој прирачник се опфатени голем број теми, но професорот Дејвид Џ. Вајтхаус (Оддел за инженерство при Универзитетот „Варвик“, Обединето Кралство), користејќи го своето огромно искуство и експертиза, успева да ги разработи сите одделно со поврзување на концептите и на теоријата со практика. Подмачкувањето, како една од темите, се издвојува пред останатите со својот придонес кон инженерскиот напредок.
На читателот му станува јасно дека проблемите поврзани со подмачувањето и со површинската метрологија мора да се разгледуваат заеднички. Подмачкувањето многу зависи од неправилностите на површинскиот слој што се подмачкува. И не само подмачкувањето туку и многу други процеси и функции се зависни од природата и од својствата на површините.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците