Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Производно инженерство и технологија

Сероп Калпакџијан,   Стивен Р. Шмид  




Оригинален наслов на книгата : Manufacturing, Engineering & Technology
ИСБН : 978-608-4535-21-8
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 963 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 1322
Димензии : 208x260
Корица : тврда



Краток опис

Една од најдобро продаваните книги во ова област, наменета за студентите на степен и дипломски студии што се на насоките производно машинство и индустриски менаџмент, може да им послужи и на професионалците како дополнување за нивните претходно стекнати знаења.
Сероп Калпакџијан
е почесен професор за машински материјали и за производно инженерство при Технолошкиот институт во Чикаго, Илиноис. Овој институт му ја има доделено наградата „Личност на милениумот“ во 1999 година.
Стивен Р. Шмид
е доцент на Катедрата за воздухопловно инженерство при Универзитетот „Нотр Дам“. Автор е на повеќе од 80 технички трудови и коавтор на неколку стручни книги.
Авторите со оваа книга ја постигнаа поставената цел, создавање сеопфатен и модерен текст што ќе претставува дополнителна мотивација за секој читател. Разработени се теми што ги покриваат актуелните светски практики во третирањето на врските меѓу техничките и економските фактори што имаат влијание врз еден производствен процес. Содржината е поделена на девет главни дела со по неколку поглавја: вовед во материјалите (однесување и производни особини), процеси и опрема за леење, процеси и опрема за оформување, машинска обработка и алати, изработка на микроелектронски уреди и микропроизводство, постапки и опрема за спојување, технологија за површини, општи погледи на производството и производство во конкурентна средина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците