Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Основи на превозни и сообраќајни операции

Карлос Ф. Даганцо  




Оригинален наслов на книгата : Fundamentals of Transportation and Traffic operations
ИСБН : 978-608-4535-01-0
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 909 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 342
Димензии : 155x224
Корица : мека



Краток опис

Оваа книга е, првенствено, наменета за превозните професионалци. Во неа, на содржан начин, претставени се основните концепти на сообраќајните и на транспортните активности. Воедно, овој материјал може да го користат и дипломирани студенти што сакаат да продолжат со подетални изучувања на оваа област. При изучувањето на основите од транспортните операции, сосема ненаметливо се дадени и сегменти од градежништвото, урбанистичкото планирање, економијата итн.
Воведните поглавја за „алатките“ ги покриваат темите како што се графичките методи, оптимизацијата, веројатноста, стохастичките процеси, статистиката и симулацијата. Понатаму, овие поглавја се докомплетираат со поглавјата за „примена“ на транспортната динамика, контрола, надбљудување и модели за распоред. Притоа, се оди во длабочинска разработка на фундаменталните идеи. Клучен елемент е што авторот пристапува само со материјал кој е веќе дефинитивно познат и точен. Истовремено е направен напор да се посочат најразличните стапици и вообичаени грашки што се прават и како би можеле да си избегнат. Сето ова резултира во непроценлив извор на веродостојни, добро конципирани и јасно објаснети идеи, алатки и техники што ги употребува секој специјалист за транспорт.
Карлос Ф. Даганцо
е професор по градежништво и животна средина и директор на Центарот за урбан транспорт при Универзитетот „Баркли“, Калифорнија. Воедно, работи и како истражувач во областа на јавниот транспорт, синџири за набавка и за логистика, теорија за транспортни текови и контрола.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците