Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Култура на градење

Хауард Дејвис  




Оригинален наслов на книгата : The Culture of Building
ИСБН : 978-608-4535-09-6
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 793 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 452
Димензии : 168x233
Корица : мека



Краток опис

Хауард Дејвис, професорот по архитектура на Универзитетот во Орегон, САД, го опишува светот на градбите како производ од културите на градење – комплексен систем од луѓе, релации, видови градби, техники и од навики во кои се закотвени архитектурата и градежништвото. Овие култури во себе ги содржат градежниците, банкарите, архитектите, луѓето со напредни идеи, клиентите, изведувачите, занаетчиите, градежните инспектори, создавачите на урбанистичките планови и многу други. Како производот од овие култури се појавува светот на градби, кој постојано го гледаме насекаде околу нас.
Со цел да се опишат природата и влијанијата на овие култури, во оваа книга се дадени повеќе историски и современи примери, како и примери за градби создадени под истовремено влијание на повеќе култури. Објаснето е како културата на градење е одраз на општата културата на тоа поднебје, како се менувала низ историјата таа култура, како влијаела на градежните форми и на формите на самите градови и на кој начин може да се направат подобрувања во современата култура на градење. Опфатени се различни културни и историски периоди, но со посебен акцент на трансформациите што се случиле во архитектурата и во градежната практика од крајот на 18 век, па сé до денешен ден.
Како заклучок е користена серија од современи примери кои го демонстрираат современиот концепт на културата на градење. Овие примери вклучуваат градежни техники, како и иновативни процеси кои ја надминуваат работата на самите архитекти, и како такви може да се сметаат за семе од кое треба да никне свет од подобри градби. Оваа прекрасна книга се карактеризира со повеќе од 260 колорни и црно-бели илустрации од кои повеќето се дел од Дејвисовата колекцијата на слајдови со фотографии, документи и цртежи од историските архиви и од современите архитектонски бироа.
Поради својата содржина, оваа книга мора да биде основа за секој студент по архитектура и дипломиран архитект, како и за секое лице што е вклучено на кој било начин во создавањето на градбите, сега и во иднина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците