Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Комуникациски мрежи: Основни концепти и клучни архитектури

Алберто Леон- Гарсија,   Индра Виџаја  




Оригинален наслов на книгата : Communication Networks: Fundamental concepts and key arhitectures
ИСБН : 978-608-4535-46-1
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 914 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 1033
Димензии : 164х228
Корица : мека



Краток опис

Телекомуникациските мрежи се наоѓаат во период на транзиција, од мрежи базирани на телефонска архитектура и стандарди кон мрежи базирани на интернет-протоколи (IP). Главна причина за оваа промена е во тоа што новите услуги и апликации можат да се пренесуваат со многу голема брзина преку Интернет, кој успеа да го достигне глобалниот опсег на телефонската мрежа.
Цел на оваа книга е да даде вовед во фундаменталните концепти на мрежната архитектура и нивната примена во постојните мрежи и во мрежите што ќе се појават во иднина. Како предуслов за користење на оваа книга се подразбира читателот да има општи предзнаења за компјутерските системи. Може да се прескокнат одредени делови што не се обврзувачки за читање и што бараат знаења од програмирање и основни познавања од виша математика. Во поглед на вмрежувањето, авторите направиле обид да дадат едно избалансирано гледиште за сите поважни елементи.
Алберто Леон Гарсија
е професор на Катедрата за електроинженерство и за компјутерско инженерство на Универзитетот од Торонто, Канада. Во 1998 година ја основал програмата за магистерски студии по инженеринг во телекомуникациите, а во 1999 станал член на IEEE.
Индра Виџаја
има докторат по комутациони архитектури на брзи пакети и работи како истражувач во лабораториите на „Bell", Lucent тechnologies. Неговата истражувачка работа е во областа на сообраќајниот инженеринг, архитектурите за економични транспортни мрежи и на брзо пренесување пакети.
Во книгата се вметнати и многубројни педагошки елементи што се од голема помош за предавачите. Покрај виртуелната лабораторија, содржани се и многубројни графикони и дијаграми, слајдови за предавања достапни на веб-страницата од книгата, многу примери и поставени проблеми за решавање, резиме на поглавјата и контролен список со важни термини од поглавјето, дополнителна литература и веб-страници.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците