Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Вовед во алгоритмите на биоинформатиката

Нил К. Џонс,   Павел А. Певзнер  




Оригинален наслов на книгата : An Introduction to Bioinformatics Algorithms
ИСБН : 978-608-4535-49-2
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1373 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 400
Димензии : 168x228
Корица : мека



Краток опис

Оваа книга е вовед и во биолошките и во алгоритамските идеи, заедно и со нивното поврзување со информатиката поради што го привлекува вниманието, како на студентите по биологија така и на студентите по информатика. Ова е една од првите книги од доменот на биоинформатиката што може да се употреби од страна на студентите на додипломски студии. Се објаснува дека е релативно мал бројот на информатички техники што може да се применат за решавање на практични проблеми во биологијата.
Книгата вклучува двојна табела на содржини организирани според алгоритамска идеја и биолошка тема. Се дискутира за важни биолошки проблеми со нивна детална формулација и понуда на едно или на повеќе решенија за истите. Дадени се и кратки биографии за секој од научниците што учествувал во решавање на проблемот со што се дава дополнителна инспирација за студентите да навлезат подлабоко во материјата и да се заинтересираат за работата на секој од тие научници.
Во книгата се разработени следниве теми:

-          алгоритми и нивната сложеност

-          вовед во молекуларна биологија

-          комплетно пребарување

-          алчни алгоритми

-          алгоритми за динамичко програмирање

-          алгоритми од типот раздели па владеј

-          комбинирано совпаѓање на облици

-          скриени Маркови модели

-          случајни алгоритми

Уредници се Нејл К. Џонс и Павел А. Певзнер. Нејл е професор на Катедрата за компјутерски науки и инженеринг при Универзитетот од Сан Диего, Калифорнија, а Павел е негов колега, професор на истата катедра. Павел е воедно и директор на Центарот за компјутерска спектрометрија на масата што работи во склоп на Универзитетот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците