Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Веројатносна роботика

Себастијан Трун,   Волфрам Бургард,   Дитер Фокс  




Оригинален наслов на книгата : Probabilistic Robotics
ИСБН : 978-608-4535-63-8
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 968 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 686
Димензии : 215x228
Корица : тврда



Краток опис

Веројатноста во роботика претставува нова и растечка област. Се занимава со воочување и со контрола на можната несигурност. Изградена врз основа на математичка статистика, веројатноста во роботика ги надградува роботите до едно ново ниво на можности за справување со ситуациите во реалниот свет. Во книгата е даден вовед во богатството од техники и од алгоритми што се употребуваат на ова поле. Сите алгоритми се базирани на единствена математичка основа. Секое поглавје содржи примери за имплементација на псевдокод, детални математички деривации, дискусии од гледна точка на практиката и продолжени листи со вежби и со наставни проекти.
Дополнителни материјали може да се најдат на веб-страницата http://www.probabilistic-robotics.org. Оваа книга е релевантна за сите читатели кои се на кој било начин инволвирани во изработката на софтвер за роботи, во неговото развивање и во какво било научно истражување во таа област. Може да биде интересна и за сите што се занимаваат со применета статистика, како и за инженерите што работат со обработка на податоци добиени од сензори.
Себастијан Трун
е директор на лабораторијата за вештачка интелигенција и вонреден професор за компјутерски науки при Универзитетот „Стенфорд“, САД.
Волфрам Бургард
е раководител на лабораторијата за истражување на автономни интелигентни системи и вонреден професор за компјутерски науки при Универзитетот во Фрајбург, Германија.
Дитер Фокс
е раководител на лабораторијата за роботика и за проценка на состојба и вонреден професор за компјутерски науки и инженерство при Универзитетот во Вашингтон, САД.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците