Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Вкусот на храната: Хемија, сетилна евалуација и биолошка активност

Хиротоши Тамура,   Сузан Е. Ебелер,   Кику Кубота,   Гери Р. Такеока  




Оригинален наслов на книгата : Food flavor: Chemistry, sensory evaluation and biological activity
ИСБН : 978-608-229-124-6
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1094 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 304
Димензии : 150x227
Корица : мека



Краток опис

Уредници на ова прекрасно издание се:
Хиротоши Тамура
, Оддел за биохемија и за храна, Универзитет „Кагава“, Јапонија.
Кику Кубота
, Оддел за нутриционизам и за храна, Универзитет „Оханомизу“, Токио, Јапонија.
Сузан Е. Еблер
, Оддел за лозарство и за енологија, Универзитет „Калифорнија“, САД.
Гери Р. Такеока
, Западен регионален истражувачки центар, Служба за истражување во земјоделството, Министерство за земјоделство, САД.
Во првиот дел од оваа книга (поглавја 1-4), фокусот е насочен кон новите и подобрени пристапи за идентификација и за квантификација на соединенијата одговорни за вкусот. Од она што е дадено во овие поглавја може да се заклучи дека развојот на мултидимензионалните техники за сепарација, најразличните сензори за брза детекција на повеќе соединенија, како и на можноста квантитативно да се мерат интеракциите меѓу компонентите на вкусовите и компонентите на средината, се области што се подложни на моментален, но и на понатамошен развој.
Предмет на следните два дела (поглавја 5-16) се хемијатата на вкусовите и создавањето на истите. Познавањето на гените и на ензимите што влијаат врз вкусот, како и влијанието на земјоделските услови и условите при обработка на храната, може да доведе до производство на прехранбени артикли со подобрени карактеристики на вкусот.
Во четвртиот дел (поглавје 17-21) фокусот е насочен кон комплексните интеракции, како и кон сетилните фактори што влијаат врз одлуката на потрошувачите за избор на храна со максимална нутриционистичка вредност.
И за крај, во петтиот дел (поглавја 22-23) се елаборирани доказите што покажуваат дека биолошката активност на есецијалните масла и вкусови не само што влијае на активација на сетилните рецептори за вкус, арома, боја и за чувство во устата туку дека тие имаат и здравствени придобивки во спречувањето на дегенеративните заболувања, како што се, на пример, срцевите заболувања и ракот.
Се надеваме дека оваа книга ќе послужи како инспирација за новата генерација истражувачи што треба да ги издигнат досегашните достигнувања на едно повисоко ниво.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците