Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Мотивација, Посредништво и Јавна Политика: на коњи и топови, пиони и кралици

Џулиан Ле Гранд  




Оригинален наслов на книгата : Motivation, Agency and Public Policy: Of Knights and Knaves, Pawns and Queens
ИСБН : 978-608-229-110-9
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1191 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 256
Димензии : 152x235
Корица : мека



Краток опис

Дали може да се потпреме на алтруизмот на експертите или на етосот на лицата од јавните установи и да добиеме здравствени и образовни услуги со добар квалитет? Како треба да се однесуваат пациентите, родителите и учениците – како благодарни приматели на услугата или како нејзини активни корисници? Се подразбира дека одговорите на овие прашања се наоѓаат меѓу страниците на оваа прекрасна книга, напишана од еден од водечките мислители на ова поле, Џулијан ле Гранд, професор по социјална политика при Лондонското училиште за економија.
Дадена е нова перспектива врз дизајнирањето на политиките, со нагласеност на важноста од анализа на мотивацијата на експертите и на останатите што работат во јавниот сектор, нивната способност и способноста на корисниците на јавните услуги за посредништво или за независна акција. Авторот докажува дека е загубена конвенционалната претпоставка за професионалците од јавниот сектор, дека се алтруисти со јавен дух или „коњи“, и се јавува алтернатива која ги прикажува како „топови“ или самобендисани егоисти. Исто така, не смее да претпоставиме дека граѓаните се пасивни приматели на јавните услуги (пиони), туку незаобиколни владетели со неограничен избор врз услугите и врз ресурсите (кралици).
Во ова иновативно издание се употребени детални емпириски прегледи на политиките кај здравствените услуги, образованието, социјалното осигурување и оданочувањето, како би можело да се илустрираат можностите за дизајнирање на политиките што би резултирале во соодветен баланс меѓу мотивацијата и посредништвото. Изнесени се неколку предлози за политички реформи, делумно од самиот автор, а делумно се дадени конкретни реформи во кои учествувал.
Задолжително четиво за сите што се дел од јавните служби или, пак, учествуваат во креирањето на политиките за истите. Воедно, книгата е добредојдена за истражувачите на оваа област.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците