Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Градење со земја: Проектирање и технологија на одржлива архитектура

Гернот Минке  




Оригинален наслов на книгата : Building with Earth: Design and Technology of a Sustainable Architecture
ИСБН : 978-608-229-106-2
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1005 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 208
Димензии : 210x280
Корица : мека



Краток опис

Земјата што се користи со илјадници години во архитектурата и во градењето привлекува особено внимание во последниве години како здрав, еколошки и економичен градежен материјал. Како резултат на тоа, се зголемува бројот на градби конструирани со набиена земја, земјени блокови, калливи тули и блокови што се поставуваат не само во зоните со топла и со сува клима туку и во постудените региони на Европа, Северна Америка, Кина и на Јапонија.
Овој прирачник нуди практичен и систематски преглед на многубројните начини за користење на иловицата или на глинената почва, и нуди широка лепеза на техники за нејзино обработување. Понатаму во текстот се објаснети одредени градежни методи за обработка на панелите, директното работење со иловицата, за заштита од временските услови и отпорноста на земјотреси. Многубројните илустрации и слики од градежни објекти го прикажуваат начинот на градење со земја. Во повеќе од 27 меѓународни проекти е илустриран широкиот спектар на можности за дизајнирање со земја.
Повеќе од 30 години авторот Герно Минке предава на Универзитетот „Касел“, Германија, на кој ја основал истражувачката лабараторија за експериментално градење во 1974 година. Освен за конструкциите од земја, Минке е експерт и во областа на одржливи градежни техники, нискоенергетски и пасивни конструкции, како и за зелени покриви. Воедно е независен архитект и советник за градежна екологија.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците