Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Атлас на човечката анатомија

Френк Х. Нетер  




Оригинален наслов на книгата : Atlas of human anatomy, 7th edition
ИСБН : 978-608-259-317-3
Година на издавање : 2019
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 642
Димензии : 222x285
Корица : тврда



Краток опис

Единствениот анатомски атлас со илустрации од лекари, Атлас на човечката анатомија, седмо издание, содржи светски познати, извонредно јасни прикази на човечкото тело со клиничка перспектива. 

Покрај познатиот труд на д-р Френк Нетер, овде ќе најдете и речиси сто слики од д-р Карлос А. Г. Мачадо, еден од денешните најистакнати медицински илустратори. Заедно, овие двајца неверојатно талентирани лекари-уметници ги потенцираат најрелевантните клинички прикази на човечкото тело. Покрај тоа, повеќе од 50 внимателно избрани радиолошки слики помагаат илустрираната анатомија да се поврзе со живата анатомија онака како што може да се види во секојдневната практика. Ажурирани податоци во седмото издание – врз основа на барања од студентите и лекарите:

• Нов дел за преглед на системи што содржи прикази на целото тело на површинска анатомија, крвни садови, нерви и лимфи.

• Над 25 нови илустрации од д-р Мачадо, вклучувајќи ги и клинички важните фасцијални слоеви на вратот, длабоки вени на ногата, бурзи на колкот, васкулатура на простатата и делови што тешко се визуализираат, како што е инфратемпоралната фоса.

• Нови клинички табели на крајот од секое поглавје, што се фокусираат на структурите со високо клиничко значење. Овие табели овозможуваат брз увид, организирани според органските системи, и упатуваат каде најдобро можат да се видат клучните структури на илустрациите.

• Над 50 нови радиолошки слики – некои сосема нови прикази, а други направени со понови алатки за визуелно претставување – се вклучени врз основа на тоа колку можат да им помогнат на читателите да ги разберат клучните елементи на топографската анатомија.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците