Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Е, баш ме заболе

Марк Менсон  




Оригинален наслов на книгата : The subtle art of not giving a fuck
ИСБН : 978-608-259-337-1
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 208
Димензии : 210х210
Корица : мека



Краток опис

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе.

Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.

Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен –општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој може да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.

„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не.“

Менсон преку оваа книга комуницира со читателот многу непосредно и директно, а четивото е исполнето со мноштво интересни приказни и со хумор „без влакна на јазикот“. Овој своевиден манифест во исто време е и една освежувачка шлаканица в лице за секој од нас, што по прочитувањето може да ни овозможи да почнеме да живееме поисполнет и потрезвен живот.

Марк Менсон е многу познат блогер, чијшто блог го имаат посетено повеќе од два милиони читатели. Живее во Њујорк. „Баш ме заболе – како да не ти е гајле за неважните нешта“ е негова прва книга.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците