Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Бернини: неговиот живот и неговиот Рим

Франко Мормандо  




Оригинален наслов на книгата : Bernini: his life and his Rome
ИСБН : 978-608-259-096-7
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 456
Димензии : 152x230
Корица : мека



Краток опис

Џан Лоренцо Бернини (1598 – 1680) е еден од последните големи универзални уметнички гении на раната модерна Италија, кого и современиците, но и наследниците, го вбројуваат во возвишената група на Леонардо, Рафаел и Микеланџело. Неговата уметничка визија е видлива и денес, низ безбројните статуи, фонтани и згради, што го трансформираа Рим во своевиден барокен театар што сè уште ги восхитува туристите.

Веројатно не изненадува тоа што уметникот што го дефинира барокот имал и живот што, исто така, бил барокен. Како што открива фасцинантната биографија на Франко Мормандо, Бернини бил човек со многу страсти, експлозивен нарав и силен сексуален нагон, а неговиот живот бил еднакво драматичен како и неговите дела. 

Врз основа на архивски извори, писма, дневници и – со соодветен сомнеж – хагиографски текст напишан од страна на синот на Бернини (што го претставува својот татко како пример за доблест и скромност), Мормандо нè води низ многубројните караници, љубовни афери, скандали и гревови на Бернини.          Тој го раскажува гласниот живот на Бернини, имајќи го како заднина живописниот барокен Рим, буен и богат, населен со црковни луѓе и бирократи, папи и политичари, сплетки и тајни.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците