Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Прва училишна енциклопедија

Група автори  




Оригинален наслов на книгата : Primaria activa. Enciclopedia escolar
ИСБН : 531-032-800-193-7
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 1132
Димензии : 190х255
Корица : тврда



Краток опис

Математика, физика, хемија, биологија, екологија, историја, географија, уметност... Ова вредно енциклопедиско издание содржи три тома кои се нудат во комплет кое изобилува со научни факти и занимливости, кое така конципирано ќе им помогне на учениците при секојдневното учење. Нуди прецизни објаснувања за многу области и училишни предмети и уште на прво разгледување се издвојува од другите училишни енциклопедии според квалитетот, прегледноста и богатството на фактографски податоци наведени во неа.


Исто така, енциклопедијата содржи специјално подготвен материјал од областа на македонскиот јазик и македонската историја со концизен и јасен преглед на сите клучни принципи, информации и факти што учениците би требало да ги запомнат.


Со користењето на оваа содржински и визуелно привлечна енциклопедија учениците на многу едноставен начин можат да ги прошират своите знаења и да бидат инспирирани да поставуваат прашања и да бидат мотивирани да го откриваат светот околу себе. 


Првата училишна енциклопедија е незаменлив прирачник во секој дом и огромна помош при учењето и развојот на децата од најрана возраст. Со неа тие ќе научат да ги користат и другите пишани материјали како извори на информации и податоци и ќе знаат да ги препознаат фактите, наспроти морето произволни информации кои секојдневно допираат до нив преку интернет.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците