Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Наука за изложеноста гените, животната средина и политиките за јавното здравје

Сара Шостак  




Оригинален наслов на книгата : Exposed science : genes, the environment and the politics of population health
ИСБН : 978-608-247-946-0
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 312
Димензии : 150x224
Корица : мека



Краток опис

Во текот на последните десетлетија на дваесеттиот век, експертите за здравствена екологија го насочија своето внимание на молекуларно ниво, длабоко во човечкото тело. 

Во Наука за изложеноста, Сара Шостак го анализира зголемениот интерес за интеракциите меѓу гените и околината, истражувајќи кои се резултатите на нашето разбирање и заштитата на јавното здравје. Повикувајќи се на темелни истражувања и етнографски набљудувања, Шостак покажува дека она што го знаеме за ранливоста на нашите тела на влијанијата од опкружувањето е втемелено во намерата на научниците за да ги разрешат структурните слабости во таа област. Потоа, се осврнува на политичките ефекти на овие истражувања – како од перспектива на оние што се залагаат за геномичките технологии како нова основа за регулирање на опкружувањето, така и од перспектива на поборниците за

еколошка правда, кои стравуваат дека нивната борба против нееднаквото изложување на ризици од околината ќе биде поткопана со молекуларните

толкувања на врските меѓу околината и болестите.


„Ова е извонредна книга од извонреден социолог на науката. Сара Шостак

отвора тешки прашања за тоа како ние, како општество, ја избегнуваме

одговорноста за последиците од цела низа изложувања од опкружувањето

... [и] уверува дека потеклото на генетското разбирање на болестите поврзани со опкружувањето историски лежи не толку во проширувањето

на сознанијата, колку во политиката на науката и општеството“, ДЕЈВИД

РОЗНЕР, коавтор на Оловни војни: политиката во науката и судбината на

американските деца.


„Ова истражување нуди важен и уникатен поглед кон една нова област за

која некои луѓе знаат малку, а други имаат цврсти ставови. Согледувањата и

заклучоците што се тука изложени нудат нов начин на мислење за геномиката

и за еколошките политики“, ДЕЈВИД ПЕЛОУ, автор на Војни на ѓубрето:

борбата за еколошка правда во Чикаго.


„Анализата (на Шостак) е сеопфатна и нуди сестрано причинско-последично

сфаќање на комплексноста на овие научни трендови и поврзаните културни

појави“, ФИЛ БРАУН, професор по социологија и науки за здравјето

и директор на Истражувачкиот институтот за општествени науки на

опкружувањето и здравјето, Североисточен универзитет.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците