Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Фармацевтска биотехнологија: основи и примена

Дан Ј. А. Кромелин ,   Роберт Д. Синделар ,   Бернд Мајбом  




Оригинален наслов на книгата : Pharmaceutical biotechnology: fundamentals and applications
ИСБН : 978-608-247-875-3
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 568
Димензии : 217x278
Корица : тврда



Краток опис

Новото, четврто издание, што претставува комплетно ревидиран текст со цел да

ја рефлектира растечката важност на биофармацевтиците и на биотехнолошките

техники за модерната медицина и за природните науки, ги поставува стандардите

на модерната биотехнолошка едукација. Уредниците изготвиле добро балансирана

рамка за воведот, како и подетален осврт на различни аспекти од фармацевтската

биотехнологија и производство, биофармацевтиците и клиничката фармакологија

на биотехнолошки произведените лекови. 

Во новото издание се подобрени сите поглавја, преку додавање на најновите сознанија и најновите достигнувања, како и со додавање на нови графички илустрации и вклучување на нови автори. Книгата опфаќа клучни концепти во воспоставувањето на соодветната технологија за протеинските терапевтици, вклучително: молекуларната биологија, процедурите за производство и анализи, развојот на формулации, фармакокинетиката и фармакодинамиката и имуногеноста, како и поглавја што ги опфаќаат регулаторните, економските аспекти и аспектите на фармацевтската практика.


Четвртото издание носи возбудлива и фундаментална реорганизација на текстот,

што сега е структуриран во два дела: 1) воведен дел, што ги опфаќа основните

научни и општи карактеристики; и 2) дел што ги класифицира различните биолошки препарати, вклучително и генската терапија. Дополнително, реорганизацијата на поглавјата што ги обработуваат својствата и примената на моноклоналните антитела, олигонуклеотидите и сиРНК, ги истакнува овие важни концепти во текстот.

Додадено е целосно ново поглавје за клеточно-базираните технологии.


Во четвртото издание исто така се присутни популарните прашања за

самопроверка по секое поглавје, што го подобруваат разбирањето на практичната

фармацевтска примена, со што текстот го чини незаменлив при самоедукација, при биофармацевтската обука, како и за професионална помош во практиката или во индустријата.


Дан Ј. А. Кромелин е професор на Одделот за фармација при Универзитетот во

Утрехт и вонреден професор на Одделот за фармација и фармацевтска хемија при

Универзитетот во Јута.


Роберт Д. Синделар е претседател на Истражувачкиот институт за здравствена

заштита во Провиденс, заменик-претседател истражувач и академик, Здравствена

заштита Провиденс, професор на Факултетот за фармацевтски науки и помошник-

декан за истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Британска

Колумбија“.


Бернд Мајбом е професор на фармацевтски науки и помошник-декан за

истражување и дипломски програми при Колеџот за фармација на Универзитетот

„Тенеси“.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците