Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Вирусни болести на растенијата што се пренесуваат преку семе

Субраманаја Састри  




Оригинален наслов на книгата : Seed-borne plant virus diseases
ИСБН : 978-608-247-654-4
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 352
Димензии : 175x252
Корица : мека



Краток опис

Семињата претставуваат ефикасни средства во ширењето на вирусните и вироидните болести на растенијата. Успехот на модерното земјоделство се базира на здрави семиња што даваат високи приноси, како и од управувањето со болестите на растенијата.

Постои сериозна научна грижа за преносот на растителните вируси сексуално преку семето и асексуално преку растителните пропагули.


Оваа книга ги содржи најновите информации и целосна листа на вирусните и вироидните болести што се пренесуваат преку семе на глобално ниво, вклучувајќи ги загубите во приноси, дијагностичките техники, механизмите на пренос преку семе, епидемиологијата и аспектите на управување со вирусните болести.


Книгава ги покрива и дополнителните информации за преносот на вирусните и вироидните болести преку вегетативни пропагули.

Познато е дека вирусите што се пренесуваат преку семе се внесуваат во нови земји и континенти за време на интензивен сообраќаен транспорт преку инфицирана гермплазма и растителни пропагули.

Покриени се и најновите дијагностички молекуларни техники во различни комбинации вирус-домаќин заедно со мерките за управување со болестите.


Оваа книга треба да биде добар извор на референции, како и учебник за истражувачите, наставниците, студентите на растителна патологија, земјоделството, хортикултурата, природните науки, управителите на стакленици, професионалните претприемачи, луѓето кои работат во карантини и компаниите за семенски материјал.


Оваа книга опишува важни карактеристики на вирусните болести што се

пренесуваат преку семе и е добар извор на информации, па поради тоа заслужува место во речиси сите универзитетски библиотеки, компании за семенски материјал и истражувачки организации.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците