Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Прирачник на тренерите од НБА-лигата: техники, тактики и поенти за подучување

Џорџо Гандолфи  




Оригинален наслов на книгата : NBA coaches playbook: techniques, tactics, and teaching points
ИСБН : 978-608-259-026-4
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 368
Димензии : 216x280
Корица : мека



Краток опис

Стив Неш, бекот на Феникс санс, маестрално влече контранапад, но како неговите соиграчи знаат каде да се движат за да се отворат и да добијат топка? 

Двајт Хауард, центарот на Орландо меџик е неверојатно талентиран центар, но како тој успеа да ја усоврши својата игра и да додаде нови димензии? И како играчите на Јута, Дерон Вилијамс и Карлос Бузер, успеваат ефикасно да одиграат пик-ен-рол како легендите на Јута – Џон Стоктон и Карл Мелоун?

Тренирање? Да, дури и во лига што е преполна со неверојатен талент и физички предиспозиции, неопходно е подучувањето на играчите, како и тактичките маневри и стратегиите на тренерите. Тренерските вештини се сè поразлични и сè подобро се негуваат, бидејќи секоја сезона во лигата пристигаат помлади, понекогаш недоволно зрели и неискусни играчи од целиот свет.


Прирачникот на тренерите од НБА-лигата ве води на тренинзите и покрај аут-линијата преку детални стратегии за игра во напад и одбрана, и многу повеќе од најдобрите тренери кои се способни да го извлечат најдоброто од екипата на теренот. Дозволете имињата како што се Фил Џексон, Мајк Дантони, Ејвери Џонсон, Стен Ван Ганди, Џорџ Карл, Еди Џордан, Мајк Данливи, Карим Абдул-Џабар и многу други главни и помошни тренери да ви дадат нов увид во играта од кои вашата екипа и вашите играчи ќе имаат корист.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

30.05.2018 14:22:17   Anonymous напиша

Драго ми е што овој наслов излезе и на македонски јазик. Јас ја имам оригиналната верзија и мислам дека ќе има интерес за книгава.