Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

ПРАКТИКУМ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО КУЛТУРА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО 2

Билјана Маленко,   Елизабета Бандиловска  




Оригинален наслов на книгата : ПРАКТИКУМ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО КУЛТУРА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО 2
ИСБН : 978-608-247-724-4
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 172
Димензии : 170x235
Корица : мека



Краток опис

Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 2 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство. Но, може да им послужи како корисно јазично помагало и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на морфологијата и на синтаксата.

Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се доближат на студентите основните морфолошки и синтаксички знаења од теориски и од практичен аспект. Оттука, неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена не само во нивната работа како идни учители и воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците