Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Карагандински деветини или повест за последните денови

Олег Павлов  




Оригинален наслов на книгата : Карагандинские девятины
ИСБН : 978-608-247-603-2
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 160
Димензии : 135x200
Корица : мека



Краток опис

Гротескна карикатура на последните денови на Советскиот сојуз, Карагандински деветини ги следи искуствата на младиот Аљоша Холмогоров кој, откако го завршува својот воен рок, го минува времето безделничејќи во стоматолошките

оддели на воената болница и неволно чекајќи – по налог на неговиот глув заставник Абдула Ибрахимович Абдулаев – еден необичен подарок: „вечен заб од железо“.

Токму во мигот кога треба да го добие, Аљоша е ненадејно повикан од заботехничарот и раководител на санитетскиот оддел (со внимателно избрано презиме и „со образование над средното“) Институтов на патување што набрзо ќе го одведе во сновидните предели на Кралството на мртвите. Населена со низа езотерични личности – војници и затвореници, селани и бегалци, глувчешка

мрежа што се занимава со крадење и препродавање на лекови– комичниот реквием на воената трилогија на Павлов, Повест за последните денови, е ироничен прочит на распадот на СССР со филозофски поттекст, пикарескен роман во кој ведриот хумор и трогателните епизоди наизменично си даваат оддишка подготвувајќи го читателот за една современа апологија на навидум истрошената идеја за големата руска душа.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците