Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Островот со скриеното богатство

Роберт Луис Стивенсон  




Оригинален наслов на книгата : Treasure island
ИСБН : 978-608-229-895-5
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 226
Димензии : 135x200
Корица : мека



Краток опис

Безмалку секоја од модерните идеи за пиратите потекнува или е популаризирана во „Островот со скриеното богатство“: едрениците, пустите острови, едноногите морнари со папагали на нивните рамена, картите со скриено богатство обележани со X. Внимателен стилист, Роберт Луис Стивенсон успева во оваа книга да создаде не само еден од најсаканите класици за деца, но и едно од најнезаборавните дела во историјата на книжевноста.

Причината за успехот на Стивенсон е двојна: тој не само што е еден од врвните мајстори на зборот (фален и величан во повеќе од еден наврат и тоа од автори од рангот на Борхес, Хенри Џејмс, Пруст и Набоков), туку е и еден од најуспешните диригенти на фабулата. Два цитати на Г. К. Честертон кажуваат многу и за едното и за другото. Првиот е за Стивенсон: тој секогаш „успева да го дофати правилниот збор со врвот на пенкалото, небаре човек што игра микадо“. Вториот токму за „Островот со скриеното богатство“: таа е „реализација на еден идеал, токму оној што е ветен во нејзината провокативна и примамлива карта; визија не само на бели скелети, туку и на зелени палми и сафирни океани“.

И навистина - на план на раскажувачка уметност и авантуристички дух, „Островот со скриеното богатство“ е ненадминат роман, имитиран и пастиширан толку многу пати што дури и малкумината кои го немаат читано, веќе ќе бидат запознаени со некои од неговите ликови и настани



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците