Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Сливов цвет во вазна од злато

Непознат  




Оригинален наслов на книгата : Lanling Xiaoxiao Sheng
ИСБН : 978-608-229-739-2
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 813
Димензии : 135x200
Корица : мека



Краток опис

Чин Пинг Меи е роман што ѝ припаѓа на класичната кинеска литература создавана во доцниот период од династијата Минг (1368 – 1662) и кој своите сто поглавја ги структурира околу „широката мрежа на желби“ на главниот херој Си-Мен кој, пак, во текот на делото, има дури 19 партнери, вклучувајќи меѓу нив 6 сопруги и љубовници. 

Во преводот на англиски јазик од 1938 година (преиздаден во 1972 година) од Клемент Еџертон, романот е насловен Златниот лотос и се појавува како книга составена од четири тома. Врз овој текст и претходниот превод работел Дејвид Тод Рој во периодот меѓу 1993 и 2011 година. Во преводот на кој посветил повеќе од дваесет години, тој го изменил насловот, а романот во неговиот превод се вика Сливов цвет во вазна од злато. Преводот на насловот на Рој е во однос со имињата на трите главни женски лика што заземаат централно место во приказната, тоа се Пан Чинлијан, чие име значи Златен Лотос, потоа Ли Пинг’ер, што во буквална смисла значи Мала вазна, и Панк Чунмеи, Пролетен сливов цвет, или во македонскиот превод - Пролетна слива. Романот е создаден во втората половина на XVI век, нема прецизно определено авторство, а во врска со решавањето на ова прашање, сè уште постојат отворени научни расправи. Има многубројни претпоставки што ги вклучуваат имињата на повеќе од шеесетина писатели за кои се претпоставува дека би можеле да бидат означени со псевдонимот Ланлинг Ксиаоксиао. Голем дел од критиката што оценува дека овој роман влегува во кругот на врвните дела на кинеската класика, во исто време истакнува дека станува збор за наративен дискурс, кој во една многу рана фаза од развојот на прозните форми практикува обиди за слободно и вешто артикулирање при именувањето на еротските аспекти и сексуалниот чин. Во тој поглед, јазикот на романот е неверојатно современ и провокативен. Оваа постапка кореспондира со подоцнежните напори на европските романсиери, како оние, на пример, од романот Мемоарите на една жена (1748) од Џон Клиланд или оние застапени во литературата и философијата на отпорот на Маркизот де Сад (1740 – 1814), во делото Љубовникот на Леди Четерли (1928) од Д. Х. Лоренс и други дела што настојуваат да ја развијат специфичната јазична слика на еротските сцени, кои во сликарството претходеле многу децении пред книжевноста.

Иако превосходно познат во овој тесен историско-жанровски контекст, Сливов цвет во вазна златое значаен настан во историјата на книжевноста: објавен горе-долу едновремено со Дон Кихот, овој роман на простонароден кинески јазик е еден од раните врвови на наративната книжевно-уметничка форма. 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците