Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Напредна хемија на млечни производи втор дел: липиди

Пол Мексвини,   Патрик Фокс  




Оригинален наслов на книгата : Advanced Dairy Chemistry Volume 2 Lipids
ИСБН : 978-608-229-627-2
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 832
Димензии : 155x235
Корица : тврда



Краток опис

Напредната хемија на млечни производи Втор дел: Липиди, трето издание, е

единствена во литературата кога станува збор за областите од типoт на млечни липиди, широко поле што опфаќа различен опсег на теми, вклучувајќи ја и синтезата на масни киселини и ацилглицероли, соединенија поврзани со фракцијата на млечни масти, аналитички аспекти, однесувањето на липидите во текот на нивната обработка како и нивното влијание врз карактеристиките на производот, дефекти на производите што произлегуваат од процесите на липолиза и оксидација на липидите, како нутритивното значење на млечните липиди.

Повеќето теми што се вклучени во второто издание се задржани и во актуелното

издание, кое е збогатено и значително проширено. Новите поглавја ги покриваат

следните теми: Биосинтеза и нутритивно значење на конјугирана линоленска киселина, на што се обрнува огромно внимание во текот на последната деценија; Создавање и биолошко значење на оксистеролите; Мембраната на глобулите од млечна маст како извор на нутритивни и технолошки значајни производи; Физички, хемиски и ензимски модификации на млечната маст; Значење на маста кај млечните производи: кајмак, сирења, сладолед, млечни прашоци и формули за новороденчиња; Аналитички методи: хроматографски, спектроскопски, ултразвук и физички методи.

Комплетното излагање во рамките на ова издание дава едно резиме за веќе

постоечките сознанија од областа на млечни липиди и укажува на нови области што треба да бидат предмет на понатамошно истражување. Тоа е од големо значење за научните работници од областа, хемичарите и други што работат во истражувачката област или во индустрија.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците