Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Прирачник за структурата на текстилните влакна

Џ.В.С. Хеарл ,   С. Ј. Еикхорн ,   М. Џеф ,   Т. Кикутани  




Оригинален наслов на книгата : Handbook of textile fi bre structure
ИСБН : 978-608-229-442-1
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 528
Димензии : 150х235
Корица : тврда



Краток опис

Заради комплексноста и разновидноста на текстилни влакна, разбирањето на

нивната структура е од клучно значење. Ова авторитетнo издание во два тома,

обезбедува сеопфатен преглед на структурата за широк спектар на текстилни влакна.


Том 1 започнува со воведен сет од поглавја за структура на влакната и методи за

карактеризирање на влакната. Вториот дел од книгата ја опфаќа структурата на

произведени полимерни влакна, што се како полиестри, полиамиди, полиолефин,

еластомерни и арамидни влакна, како и високомодулни и високожилави полимерни влакна. Поглавјата ја разработуваат фазата на создавањето на влакната за време на процесите и како тоа влијае врз структурата на влакната и врз механичките карактеристики. Придружниот том дава преглед на природните, регенерираните, неорганските и на специјалните влакна.


Двата тома се напишани од уредници кои се водечки авторитети во областа, заедно со тим од меѓународни автори кои, и како такви тие претставуваат референции од суштинско значење за текстилните технолози и инженери, за научниците кои ги изучуваат влакна како и за академските кругови.


Др. Стефен Еикхорн (Stephen Eichhorn) е виш предавач и предава полимерна

физика и биоматеријали во Центарот за наука за материјалите при Универзитетот

во Mанчестер. Тој е член на ACS (Сојуз на хемичари на Америка) и на секцијата

за Целулоза и обновливи материјали и на Институтот за физика. 


Професорот В.С.Хеарл (W.S.Hearle) е Емеритус професор, професор по текстилна технологија при Универзитетот во Манчестер и е почесен соработник и доживотен почесен член на Текстилниот институт.


Професорот Михаел Џеф (Michael Jаff)  бил истражувач во Целанезе и Хоест Целанезе (Celanese и Hoest Celanese ) во САД пред да замине во одделот за биомедицински инженеринг на Институтот за технологија во Њу Џерси. 


Др. Такеши Кикутани (Takeshi Kikutani) е професор на Катедрата за органски

и полимерни материјали на Токискиот Институт за технологија. Тој а член на

Друштвото за преработка на полимери и на Друштвото за наука и технологија на

влакната, во Јапонија.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците